На денешен ден, во 2001-ва загина капетан Синиша Стоилов! Го даде животот за Македонија! ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО!



Кај кумановското село Оризаре загинува КАПЕТАН СИНИША СТОИЛОВ († 36) од 120мм граната испукана од страна на терористите на ОНА. Никогаш да не се заборави ликот и делото на Капетанот Синиша Стоилов.


 

Синиша потекнува од семејството Стоилови, од татко Стоимен, роден во Мородвис, и мајка Љубинка, родена во Зрновци. Татко му бил офицер во ЈНА, и од тие причини често го менувале местото на живеење. Роден е во градот Бенковац, Хрватска, на 31 август 1965 година. Во 1970 година татко му добива служба во Куманово, каде и го започнува своето основно образование. Во 1975 година, заедно со својата мајка и сестра се преселуваат да живеат во Скопје каде го продолжува своето школување.

Од мала возраст постојано го посетувал родното место на своите родители Зрновци и Мородвис и секое слободно време го користел за дружење и играње фудбал со своите врсници. Своето образование го продолжува во средното воено училиште во Сараево, со голема желба да го продолжи патот по кој одел неговиот татко. Во Бања Лука го добива своето прво вработување, како воено лице – офицер. Напоредно со работата, завршува и Виша Воена Академија во истиот град. Иако е на служба во Бања Лука, поради љубовта кон своите најблиски, во 1985 година во Зрновци стaпува во брак со Љубинка, од кој брак му се раѓаат два сина, Стоимен и Ненад. Редот и дисциплината претствуваа семејна одлика и само дел од војничкото воспитување и домаќинското однесување кое родителите го пренесуваа на децата.

Поведен од патриотизмот и желбата за своите родни корени, во јануари 1992 година, Синиша Стоилов ја напушта Бања Лука и ЈНА, и со семејството се враќа да живее во својата татковина. Веднаш стапува на служба во Армијата на Република Македонија како потпоручник, во касарната „Илинден“ во Скопје. Бргу напредува во службата, верно служејќи и на својата родна земја добивајки чин поручник, а потоа и капетан. За време на конфликтот во 2001 година, на 10 јуни кај с. Слупчане, Кумановско, капетан Синиша Стоилов, бранејќи ја слободата на својата татковина, беше убиен од страна на албанските терористи на 35 годишна возраст. Последните зборови на Синиша пред да падне кобната граната беше: …Тргнете се, не се собирајте, ќе падне некој минобацач сите ќе нè испотепа. Неговото име и дело засекогаш ќе останат запаметени во историјата на Македонскиот народ.

Во чест на капетанот Стоилов, денес школото ОУ „Синиша Стоилов“ – Зрновци го носи неговото име.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА КАПЕТАНУ!

извор