(ВИДЕО) НА ДЕНЕШЕН ДЕН (28.04.2001) се случи најкрвавиот и најгрозоморниот масакр во поновата историја на Македонија


НА ДЕНЕШЕН ДЕН (28.04.2001) се случи најкрвавиот и најгрозоморниот масакр во поновата историја на Р. Македонија кај тетовското село Вејце. Масакрот се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.


 

Иако нападнати од заседа и во безизлезна правлива кривина, на планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце – тетовско, војниците и полицајците ХЕРОЈСКИ даваа получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Вечно ќе се паметат и последните зборови на војниикот Илче Стојановски. Преку мобилниот телефон тој се јавил на двапати кај неговиот претпоставен во базата во Тетово и му пренесол дека се нападнати, дека има ранети и загинати и бара да им се испрати итна помош, која за жал, не ја добиле. Кога Илче сфаќа дека патролата е предадена и дека намерно се пратени во смрт, по претходните чудни измени во патролата, уште еднаш очајнички и беспомошно се јави гласот на Илче преку радиостаница:

НЕМА ПОТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА НИ ДОАЃАТЕ ВО ПОМОШ. СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА. И радиостаницата замолкна.

Вејце од 2001 останува во колективната меморија на Македонците како место на беспримерно злосторство, симбол на можеби најстрашното од мноштвото предавства со кои е исполнета македонската историја, најголем пораз на државните институции од група терористи и бандити, зашто до денес не се оформи, а камоли да се заокружи некаква судска разврска и некој да биде земен на одговорност.

По оружениот напад кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела е направен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот биле живи запалени. Терористите го започнале масакрирањето на нивните тела со брутално кршење на черепите со кундаците од пушките. Веднаш по осумкратното убиство, очевидци кои присуствувале на увидот потврдија дека специјалците биле ѕверски касапени и мачени со ножеви, а потоа живи запалени и целосно изгорени.

Хероите од Вејце се:

Роберт Петковски (†27) од скопско Бунарџик
Игор Костески (†26) од Кисела Вода, Скопје
Миле Јаневски (†29) од Македонска Каменица
Бобан Трајковски (†28) од Куманово
Марјан Божиновски (†27) од битолско Горно Оризари
Илче Стојановски (†24) од битолско Породин
Бошко Најдовски (†25) од битолско Долно Оризари
Кире Костадиновски (†24) од битолско Горно Оризари

СЛАВА НА МАЧЕНИЦИТЕ ОД ВЕЈЦЕ!

извор