МЖСПП: Засилени инспекциските надзори на ДИЖС


Вкупно 1.969 надзори на инсталации има извршено Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) до 31 октомври годинава, кои подложат на А-ИСКЗ дозволи и елаборати за животна средина и исто толку записници за констатација.

Во инспекциската постапка се издадени 215 решенија со соодветни законски мерки (наредува/забранува), 45 прекршочни и шест кривични пријави и еден прекршок од трета категорија.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, по одржаниот координативен состанок за засилување на инспекцискиот надзор од испекциските служби на државно и на локално ниво, ДИЖС има извршено вонредни инспекциски надзори на 4, 5 и 6 ноември, во 20 инсталации чие инспекторирање е во негова надлежност.

– Покрај редовните, вонредни инспекторирања се вршат паралено на територија на целата држава и направени се на Депонијата „Дрисла“, Цементарница „Усје – Титан“, „Пејпер Мил Кочани“, „Тетекс“, Тетово, „Вардар Доломит“, Гостивар, „Теал Тетово“; „Тетекс Јарн“ од Тетово; „Блу текнологи“ Тетово; „ДС -СМИТ“, Скопје, „Викторија Инвест“, асфалтна база во Ново Село Дебрца, ГП „Гранит“ асфалтна база Битола,  „Оранжерии Хамзали“ село Хамзали Босилово, „Техно Павер Превалец“, Велес, „Тулана“, Гостивар, „Горни Полог“ од Гостивар; „Макстил“ Скопје, ДТУ „Агромаркет Игор“ , Владиевци општина Василево и Живинарска фарма „Ветеринар“ Гевелија, соопштува МЖСПП.

Во дел од инсталциите, како што се наведува во соопштението, мерењата се во рамки на дозволените граници, дел се задолжени да вршат вонредни мерења покрај редовните од дозволите, дел каде претходно имаат издадено решенија за забрана на работа констатирано е дека се почитуваат, а дел воопшто не работат.


Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 () – Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години […]

Во штипската текстилна конфекција се зголемува бројот на заразени работници - МИА
Вести

Потврдени 177 нови случаи на заболени со Ковид-19

– Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани […]

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза - МИА
Вести

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата […]