МЖСПП: Со ребалансот на буџетот доделени се 165 милиони денари за општински проекти за животна средина




 

Со ребалансот на буџетот за 2020 година, покрај потребата за неопходни на дополнителни средства за поддршка на граѓаните и економијата погодени од последиците од коронакризата, се одговори и на напорите на Министерството за животна средина и просторно планирање за обезбедување средства за проектите од областа животна средина. Со тоа, на Министерството му се доделени 165 милиони денари за реализација на проекти значајни за животната средина кои ќе бидат префрлени на општините.

Најголемиот дел од средствата се наменети за реализацја на проекти во делот на водоснабдувањето и тоа за општините Липково, Крушево, Струга, Пробиштип, Ресен, Чаир, Сарај, и за села во Општина Тетово. За чистење на сметлиштето во Визбегово обезбедени се 20 милиони денари, а обезбедени се финансии и за расчистување на дивите депонии во Маврово и Ростуше, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.