МЖСПП: Напредок на проектот за интегрирано управување со цврст отопад во Полошкиот регион


Разгледување на статусот на реализација на проектот за интегрирано управување со отпад во Полошкиот Регион беше тема на разговор на денешната работилница „Управување со цврстиот отпад во Полошкиот Регион, Фаза I“ наменета за градоначалниците од деветте општините од овој регион, на која учествуваше и министерот за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Насер Нуредини.

Како што соопштија од Министерството, покрај степенот на реализација на проектот, на работилницата што денеска се одржа во Тетово, бил презентиран и Регионалниот план за управување со отпад за Полошкиот регион, како и понатамошните чекори за усвојување на планскиот документ.

Како посебно, разгледано било прашањето за формирање на регионално јавно претпријатие за управување со депонијата Русино.

На работилницата се потврдило дека од страна на советите на општините ќе треба да се донесат соодветни одлуки за формирање на комисија за изработка на документацијата на претпријатието, статутот и телата на претпријатието, како и други соодветни одлуки, соопшти Министерството.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]