МЗ: Вакцините што се користат во земјава се од реномирани производители и одобрени од СЗО


МЗ: Вакцините што се користат во земјава се од реномирани производители и одобрени од СЗО - МИА

Скопје, 1 јули 2020 () – Сите вакцини кои се користат во здравствените домови низ земјава се од реномирани производители од земји на Европската Унија (Франција, Белгија, Бугарија), одобрени од СЗО и ги исполнуваат сите потребни стандарди, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму нагласуваат дека редовната имунизација создава колективен имунитет, а невакцинирањето носи сериозни ризици од појава на епидемија, која може да има и фатални последици.

– Само со редовна имунизација можеме да го зачуваме јавното здравје, се вели во денешното соопштение на Министерството за здравство и се посочува дека во 2019 година се воведени две нови вакцини кои ги штитат најмладите од пневмокок и рота вирус.

Минатата година, како што оценува Министерството, земјава успешно се справила со епидемијата од морбили, а опфатот со МРП вакцината бил 98 проценти. – Од почетокот до одјавувањето на епидемијата, вкупно се вакцинираа 49.332 и со ова се исполни препораката на Светската здравствена организација, велат од Министерството за здравство.


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]

Имунолошкиот пасош за патување засега само размислување, има многу отворени прашања - МИА
Вести

Влезот на македонски државјани во Грција забранет на сите гранични премини

Атина, 1 јули 2020 () – Околу 10 до 15 автомобили од Северна Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во […]

ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица за предвреме почната изборна кампања - МИА
Вести

Право на глас на парламентарните избори на 15 јули ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи

Скопје, 1 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*