МЗ: Денеска се регистрирани 81 нови случаи на Ковид 19, 12 оздравени пациенти


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:


 

Во последните 24 часа се направени 5.315 тестирања, а регистрирани се 81 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 27, Тетово – 25, Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово  – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 3, Куманово – 2, Гостивар и Прилеп – по 1.