МВР: Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие


Има прекршување на дел од препораките за заштита од Ковид-19, вели министерот за здравство - МИА

Скопје, 2 јули 2020 () – Во текот на изминатото деноноќие полицијата на територијата на државата регистрирала 461 прекршување на мерката за носење заштитна маска на лицето.



Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.