МВР Прилеп со полни раце работа



Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Т.З.(48) од село Кривогаштани поради постоење  основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија. Во периодот од 2013 до 2016 година општина Кривогаштани, застапувана од пријавениот во својство на градоначалник, склучила повеќе договори со приватна фирма-бензинска пумпа за набавка на гориво за моторни возила на општината. На 05.09.2016 година општината склучила договор и со друг оператор-бензинска пумпа за испорака на гориво. Во договорите операторите биле обврзани горивото да го испорачуваат истиот момент кога возило во сопственост на општина Кривогаштани ќе дојде на бензиската пумпа да полни гориво. Пријавениот не се придржувал на склучените договори и дозволувал  и овозможувал  да се става моторно гориво и во возила што не се во сопственост на општина Кривогаштани, а бензинските пумпи да го фактурираат горивото на сметката на општината. Т.З. им дозволувал на вработените во општина Кривогаштани да ставаат гориво во сопствените возила, а тоа било фактурирано на сметка на општината, што е спротивно на општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија. На тој начин била направена материјална штета на општина Кривогаштани во висина од 212.976 денари, а во корист на трети лица.


 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против лицата С.Р.(22),  М.Т.(24)  и А.М.(22), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик на Република Македонија. На 18.03.2018 година околу 03.00 часот во ноќен клуб во Прилеп, пријавените физички го нападнале Ф.П.А. Тие го удирале со клоци, тупаници и стаклени шишиња во пределот на телото, го влечеле по скалите во ноќниот клуб. Притоа, оштетениот се здобил со повреди на телото по што отишол во Градската болница „Борка Талески“ во Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Од страна на судија на претходна постапка, на  С.Р. и М.Т. им бил одреден притвор во траење од по осум дена.