Фалсификатори во МВР. Министерството ги чешла своите редови



ript>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави.


 

Т.Ј. (46), вработен во Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против А.Д. (33), помлад референт за управни работи во Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа”. На 27.04.2017 година Т.Ј., додека вршел регистрација на возила во Станицата за технички преглед на возила „Здружени на возачи“-Штип, примил барање за промена на податоците на возилото и сопственикот на товарно возило „Форд Транзит“, со прилог купопродажен договор, но без нотарска заверка. По приемот на барањето, истиот ден извршил промена на сопственоста на наведеното возило и издал нова сообраќајна дозвола на име на купувачот, иако знаел дека договорот нема нотарска заверка. Додека пак, А.Д.  во периодот од 22.08 до 13.09.2016 година, додека вршел регистрација на возила во Станицата за технички преглед на возила „АВТО ФЕР“ ДООЕЛ Делчево, издал пет регистарски таблици за различни возила на петмина сопственици на подрачје на Делчево, но за нив не ги внел потребните податоци (вид, тип на возило, година на производство, број на мотор и шасија и сопственик на возило) во службената книга-Регистар на моторни возила. Исто така, А.Д. во тековната година околу 200 поднесени барања не ги внел во попис на акти, додека околу 250 оформени предмети не биле заведени во Регистарот за возила.