МТСП: Обезбедени 658 пакети храна за жртви на семејно насилство


МТСП: Обезбедени 658 пакети храна за жртви на семејно насилство - МИА

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбеди 658 пакети со храна како итен одговор и поддршка за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од КОВИД-19. Поддршката е наменета за 329 регистрирани жртви на семејно насилство. За нив во мај и јуни се обезбедени пакети со храна.

Дистрибуцијата се врши преку Републичкиот Црвен Крст и Центрите за социјална работа за да стигне до оние на кои помошта им е најпотребна.

-Глобалната пандемијата на КОВИД 19 отвори многу прашања на општественото живеење, меѓу кои неизбежно е прашањето за влијанието и последиците од пандемијата врз жените и мажите, особено влијанието и последиците од пандемијата врз жените жртви на семејно насилство. Министерството за труд и социјална политика во околностите предизвикани од глобалната пандемија посветено и сериозно пристапува кон поддршката и помошта на најранливите граѓани на нашата држава, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Сериозните закани од КОВИД-19, велат од Министерството, бараат континуиран одговор за да се  пресретнат потребите на граѓаните вклучени во системот на социјална заштита и да им помогнат  полесно да се справат со сите предизвици.

Изразуваме благодарност до нашите меѓународни партнери за поддршката што ја добиваме од нив да помогнеме и да допреме до секој граѓанин кому му е потребна помош.

 

 


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]