Можности за соработка на ФИТР со црногорското Министерство за наука

Размена на искуства и продлабочување на соработката помеѓу Фонд за иновации и технолошки развој и Министерството за наука на Црна Гора беа главна тема на денешната средба на директорот на ФИТР, Јован Деспотовски и министерката за наука на Црна Гора Сања Дамјановиќ, соопшти ФИТР.

Министерката Дамјановиќ нагласила дека Црна Гора започнува да пилотира програми за поддршка на стартап компании за што би било добредојдено искуството на Северна Македонија и ФИТР во креирање на вакви програми кои веќе успешно се спроведуваат и придонесуваат кон развој на домашната економија. Таа додала и дека на Црна Гора и е предизвик да формира Фонд за иновации по примерот на државава.

– Меѓу другото, разговаравме за искуствата кои ги има оваа земја во делот на развој и поддршка на екосистемот и можностите за меѓусебна соработка. Нашата земја може да научи од искуството на Црна Гора во делот на соработката меѓу академската и бизнис заедницата. Дополнително можеме заедно да работиме на реализација на концептот на Научно-технолошки парк што од неодамна веќе почна да се спроведува во Скопје, а е во најава за реализација и во Подгорица, рекол Деспотовски.

Министерката Дамјановиќ е дел од делегацијата на ЦЕРН која е во неколкудневна посета на земјава во рамки на „Денови на ЦЕРН во Република Северна Македонија“ во организација на ФИТР, а во соработка со Природно-математичкиот факултет и Македонската академија на науките и уметностите.


Вести

Европски избори: Различни правила од земја до земја

Секоја држава членка на Европската унија сама ги одредува правилата за изборите за Европскиот парламент. Кој кога гласа ? Британците и Холанѓаните гласаат во четврток на 23 мај, Ирците на 24 мај, Летонците, Малтежаните и […]

Вести

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на […]

Вести

Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“

Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе […]