МОН меѓу првите 10 институции по индекс на активна транспарентност за 2021


Министерството за образование и наука соопшти дека ја подобрило својата активна транспарентност за 21 отсто во 2021 година во споредба со минатата година, според најновото рангирање на Центарот за граѓански комуникации, и дека тоа го вбројува меѓу институциите со најголем напредок.


 

 

– Со последното рангирање, МОН од групата „добра“ влезе во првата група институции со „многу добра“ активна транспарентност. Односно, од минатогодишните 70,8 транспарентноста годинава е зголемена на 91,9 процентни поени. Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Рангирањето се спроведува врз основа на јавно објавени 21 документ – информации од јавен карактер, транспарентност и отчетност и други прашалници, соопшти МОН.

 

Министерството посочува дека во најновиот извештај институциите ја подобриле активната транспарентност за 5 проценти, односно во просек активната транспарентност на Владата, министерствата и на општините изнесува 63 од максимални 100 проценти.