МОН ќе предложи измени на програмата за доделување стипендии за врвни музички школи во светот


Од Министерството за образование и наука информираат дека на следната владина седница ќе предложат да се направи измена и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, со што ќе се даде основ Министерството да објави конкурс за доделување на стипендии за студии на врвни светски високо образовни установи од областа на уметноста, вклучувајќи ја и областа на музиката.

-Со тоа, ќе им се овозможи и на талентираните државјани на Република Северна Македонија кои аплицираат и се примени на врвни музички школи во светот, да студираат непречено со поддршка од Министерството за образование и наука, се маведува во соопштението од МОН.

На конкурсот, што ќе биде објавен по усвојување на измената и дополнувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, можност за аплицирање за стипендија ќе има и студентот од нашата земја, кој е примен на „The Juilliard School“ во Њујорк, а кој е дел од низа написи во медиумите во минатите неколку денови.


Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден - МИА
Вести

Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден

Скопје, 5 јуни 2020 () – Православните верници овој викенд за празникот Задушница и Духовден нема да може да ги посетат гробиштата. Забраната е согласно одлуката за забрана за движење на Владата, а според која […]

Забраната за движење не ја почитувале 33 лица, приведени 20, 112 лица не носеле заштитни маски - МИА
Вести

Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од синоќа во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, […]

Пехчевец го загуби животот при работа во шума - МИА
Вести

Едно лице нападнато со метален предмет на автобуска постојка во с.Петровец

На 03.06.2020 во 16.22 часот во СВР Скопје, Т.Д.(49) од с.Петровец, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на автобуска постојка во с.Петровец бил нападнат со метален предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување […]