МОН ги повикува учениците да смислат име и лого за Националната платформа за онлајн учење



МОН ги повикува учениците да смислат име и лого за Националната платформа за онлајн учење - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Министерството за образование и наука (МОН) објави јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив на Националната платформа за учење на далечина.

Мотото на повикот е „Од учениците, за учениците“, и е отворен за учениците од сите основни и средни училишта во Република Северна Македонија. Тие можат да учествуваат индивидуално или во групи до четворица ученици, со поднесување на едно или најмногу три идејни решенија.

Со овој повик, како што се наведува во соопштението, МОН се обраќа до учениците, кои ќе бидат најголеми корисници на Единствена национална платформа за учење на далечина, којашто е предвидена со Планот за започнување на учебната 2020/2021 година. Преку Платформата ќе се реализира учењето на далечина, и ќе се овозможи разработка и совладување на материјата предвидена во наставните програми за сите одделенија во основното и средното образование, преку одржување двонасочна комуникација на едноставен и прифатлив начин за сите.

Национална платформа за учење на далечина е чекор напред во дигитализацијата на националниот образовен систем во Република Северна Македонија. Определен како висок приоритет во програмата за работа на Владата, МОН го интензивираше процесот на дигитализација во изминатите неколку месеци поради потребата од интервентно делување и вложување дополнителни напори за организирање на непречена формална едукација на учениците во вонредни околности и нетипични услови кои ги наложи појавата на пандемијата со Ковид-19.

Идејните решенија се доставуваат на електронската адреса nacionalnaplatforma@mon.gov.mk, најдоцна до 22 септември 2020 година (до 16:00 часот).

Најдобрите пет решенија ќе бидат поставени на официјалната страница на Националната платформа за учење на далечина, на јавно гласање на учениците. Решението со најголем број освоени гласови од учениците, ќе биде избрано за официјално, додека за авторот/авторите ќе следува пригодна награда обезбедена од МОН и УНИЦЕФ.

Повеќе информации за јавниот повик може да се најдат на веб-страницата на Министерството за образование и наука, на следните линкови http://mon.gov.mk/content/?id=3336.


Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]

Вести

Миланов не е задоволен од пресудата за Јанакиески, најави жалба

– Адвокатот на Миле Јанакиески,  Еленко Миланов не е задоволен од пресудата за случајот „Насилство во Центар“ затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда, поради што најави дека ќе поднесат жалба. -Имајќи предвид дека Миле Јанакиески […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*