МОН чека до 20 јануари предлози за подобрување на Концепцијата за основното образование



 

До 20 јануари, МОН ќе очекува предлози и сугестии за унапредување на нацрт – верзијата на концептот за реформа на основното образование.

Нацрт-концептот е поставен на сајтот на МОН и меѓудругото предвидува интегрирање на предметите Историја и Географија во Општествени науки, додека Билогија, Хемија и Физика би се изучувале како Природни науки.

Министерката за образование, Мила Царовска, претходно изјави дека Концепцијата е дел од Стратегијата на МОН за 2018-2025 година, како и од Законот за основно образование.

Според неа, сето ова се прави со цел да може да се извлече максималниот потенцијал од секој ученик, а со тоа понатаму и да се употреби тој максимален потенцијал во општеството.

На новиот концепт се спротивставија студентите од Институтот по историја, а реагираа и од Друштвото на физичари и Сојузот на хемичари.

По дискусијата, следна фаза на новиот концепт за основно образование би била концепцијата и понатаму пишувањето на наставните програми.