МО и ФЕИТ потпишаа Меморандум за соработка


– Министерството за одбрана ќе стипендира студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии кои се во последните години од студиите. Факултетот, пак, ќе обезбеди стипендии за постдипломски за вработени во МО.

Ова е дел од предвидената соработка меѓу двете институции, содржана во Меморандумот за соработка, кој денеска во просториите на Факултетот го потпишаа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски. 

Шекеринска по потпишувањето изјави дека мотив на МО и на Владата во целина е подобрување на соработката со вискообразовните институции, а МО има пред се интерeс за потпишување вакви меморандуми особено со техничките факултети. 

– Македонија е мала земја и своите капацитети и знаење, својата експертиза мора да ја чува и паметно да ја користи. РМ ја доби поканата за членство во НАТО и имаме кус и интензивен период на промени и во одбранбениот и во политичките сектори, кога не смееме да си дозволиме грешки. Ни требаат најискусните, оние кои ќе ја имаат епскетизата, тоа да го пренесат на следните генерации, нагласи Шекеринска.

Деканот на ФЕИТ, Ташковски изрази задоволство од потпишувањето на Меморандумот и можност за зајакнување на соработката.

Тој истакна дека двете институциите ќе соработуваат во неколку сегменти – доедукација на вработените, работа на проекти, дефинирање на стуидиски програми, консултантски услуги.

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]

Вести

„Рекет“ – епизоди со специјално-обвинителски искази и партиски обвинувања

Официјалните активности на Обвинителството за расветлување на случајот „Рекет“ вчера продолжија со исказ на Бурим Рустеми, третиот обвинител од Специјалното јавното обвинителство (СЈО) кој сведочеше за прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која ја води […]