ММФ позитивно одговорил на барањето на земјава за одобрување на Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговорил на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра како помош за финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на КОВИД-19.

Информацијата според која  Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговорил на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот, Владата ја усвоила на денешната седница.

Притоа , Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија да испратат писмо за намери до ММФ за реализација на овој аранжман.


Заев со поддршка за електронското гласање и овозможување 16 часа за гласање на иборниот ден - МИА
Вести

Партиите блиску до договор, да се искористи периодот на вонредна состојба за постигнување консензус

Скопје, 31 мај 2020 () – Претседателот Стево Пендаровски вчера, по седницата на Советот за безбедност, откри дека партиите биле блиску до договор за датум за избори, но последните два дена, поради ситуацијата со коронавирусот […]

Изјава на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски (во живо) - МИА
Вести

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Скопје, 31 мај 2020 () – Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски по […]