Министерство за здравство: Стапката на смртност од КОВИД-19 во земјата е далеку под европскиот и светскиот просек


Препораки за справување со коронавирусот за лицата со дијабетес - МИА

Скопје, 28 мај 2020

ВМРО-ДПМНЕ упорно пласира во јавноста тези дека процентот на смртност во нашата земја е далеку над останатите земји во регионот, европскиот и светскиот просек.

Смртноста од КОВИД-19 во земјава не е највисока во регионот и таа не се смета според бројот на жители, туку според бројот на заразени.

Процентот на смртност од вкупниот број потврдени со КОВИД-19 во РС Македонија изнесува 5.8%, а со повисок процент на смртност во регионот се Словенија со 7.3%, Босна и Херцеговина со 6.2%, Грција со 6.0%.

Процентот на смртност во нашата земја е под светскиот просек кој изнесува 6.17% и далеку под европскиот просек кој изнесува 8.75%. Ако се земат во предвид процентите на високо-развиените европски земји како што се, Белгија со 16.26%, Франција со 15.63%, Италија со 14.31%, Велика Британија со 14.02% и Шведска со 12.03%, Република Северна Македонија има два до три пати помала стапка на смртност.

Притоа, Република Северна Македонија е земја која зема постмортем брсиеви на лицата кои починале со симптоматологија на болеста. Ова е одговорна стратегија затоа што на овој начин се изолираат контактите на починатиот и се превенира понатамошно ширење на епидемијата. Ако од вкупната бројка на починати од КОВИД-19 се изземат позитивните резултати постмортем, стапката на смртност во земјата би била уште пониска.

Одделение за односи со јавноста на Министерството за здравство

___________________________________________________________________________

овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот до сега се регистрирани 11.284.105 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив умреле 530.918, а оздравеле 6.392.037 лица. Тирана- Во Албанија во последните 24 часа биле регистрирани 67 новозаразени лица, […]

Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]