Меѓународни претставници ќе се запознаат со воведениот зелен коридор на ГП на Табановце


Меѓународни претставници ќе се запознаат со воведениот зелен коридор на ГП на Табановце - МИА

Скопје, 22 септември 2020 () – На граничниот премин Табановце денеска ќе биде претставен принципот на функционирање на формираните зелени коридори воведени на иницијатива на Царинската управа во вонредни состојби за транспорт на прехранбени продукти и медицинска опрема пред претставници на  меѓународни организации.

Пред претставниците на меѓународните организации ќе се презентира One Stop Shop (контрола со само едно запирање), кој се применува со соседна Република Србија од 26 август 2019 година.

Презентацијата ја организира Царинската управа на Република Северна Македонија која оваa година е претседавач со Поткомитетот за царина и потекло во рамки на ЦЕФТА, а во рамки на активностите на Поткомитетот. На Граничниот премин Табановце ќе присуствуваат високи претставници на меѓународните организации – Емир Ѓикиќ-директор на ЦЕФТА Секретаријатот, Матеј Закоњшек-директор на ЕУ Транспортна заедница и Мајлинда Брегу-генерален секретар на Советот за регионална соработка.


Вести

Три медицински сестри од ГАК позитивни на Ковид-19, а доктор и директорката се во самоизолација

– Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на Ковид-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени […]

Вести

Апел од верските лидери до граѓаните: Да се почитуваат мерките со цел заштита на своето здравје и здравјето на блиските

– Сите наши верници и сите граѓани на нашата држава, на актуелната состојба со коронавирусот да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, […]

Во Собранието формирани пратеничките групи - МИА
Вести

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

Измените и дополнувањата на Законите за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври. Доколку […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*