Меѓународен ден на акушерките: Да се обединиме за да побараме политичко дејствување за родово-рамноправен свет



ript>

Меѓународен ден на акушерките: Да се обединиме за да побараме политичко дејствување за родово-рамноправен свет - МИА

Скопје, 5 мај 2020 () – Да се акредитираат високи школи за акушерки, Законот за образование да им овозможи нивно академско образование, тие да ја водат клиничката пракса, да се зголеми нивниот број на работните места и да има обука на млади акушерки во лидерски функции, бараат од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.


 

По повод 5 мај, Меѓународниот ден на акушерките, што се одбележува под мотото „Прослави.Покажи.Мобилизирај.Обедини“, посочуваат дека акушерките и жените имаат уникатна можност да се запознаат и да градат односи засновани врз доверба и реципроцитет во тек на бременоста, раѓањето и постнаталниот период.

– Преку овие односи, акушерките стануваат членови од доверба во семејствата и во заедниците. Треба да го прошириме ова партнерство. Жeните и акушерките мора да се обединат за да побараат политичко дејствување за родово-рамноправен свет. Акушерките играат важна улога во движењето за родова еднаквост: Секојдневно, во секој дел од својата работа ги поддржуваат правата на жените за квалитет и за грижа, потенцираат од Здружението.

Во пораката што ја упатуваат по повод Меѓународниот ден на акушерките велат дека акушерките се клучни за намалување на матерналната и неонаталната смртност и морбидитет и дека креаторите на политики треба да имплементираат промени преку лобирање за адекватни ресурси за акушерките и признавање на нивната уникатна професионална улога.