Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“

Изложбениот центар Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија. Наградата се доделува по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2017 година.

ЕВН Македонија изложбениот центар Матка го отвори минатата година и до сега го посетија над 7.000 посетители. Во Македонија ова е прв центар кој се бави со техничките науки, се служи со модерен музејски пристап и чија содржина е претставена на забавен и интерактивен начин. На проектот му претходеше интензивна истражувачка работа, а во изложбата денес можат да се видат оригинални стари предмети, архивски материјали, филмови, фотографии, интервјуа и интерактивни модели изработени

специјално за оваа намена од кои посетителите можат многу да научат испробувајќи ги нивните функции и можности.

Изложбениот центар Матка е отворен секој ден освен понеделник од 10 до 15 часот.

ICOM е најголема меѓународна организација на музејски работници која е присутна во 136 земји и ја сочинуваат повеќе од 35.000 членови. Македонскиот огранок на комитетот е формиран во 1993 година и оттогаш поставува професионални стандарди кои придонесуваат за создавање на квалитетна музејска дејност.


Бизнис

Протест на технолошкиот вишок на „Еурокомпозит“- По две години ништо не е решено

Работниците прогласени за технолошки вишок кои се уште чекаат да им бидат исплатени отпремнините од прилепската компанија „Еурокомпозит“ денеска се собра на протест во центарот на Прилеп. Тие бараат одоговор за состојбите во фирмата и […]

Бизнис

Лани без објавување оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра

Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година. Во извештајот на Центарот […]

Вести

Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со […]