МАН: Ја поздравуваме брзата реакција на МВР, очекуваме разрешница на сите случаи


Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја поздравува брзата реакција на Министерството за внатрешни работи за разрешница на последните закани до новинари.

– Министерот Чулев вети дека ќе се грижи за безбедноста и сигурноста на новинарите и медиумските работници и затоа МАН ја поздравува брзата разрешница на заканите кон новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска. Ваквиот чекор ја зголемува безбедноста при извршување на новинарската професија, а истовремено придонесува да се зголеми уверувањето дека сите мора да ги почитуваат законите и Уставот.

Истовремено, потсетуваме дека постојат десетици нерешени случаи на насилство, закани и напади кон новинари и медиумски работници со цел да им се ограничи слободата на изразување, кои очекуваме во следниот период да бидат разрешени.

Правото на слобода на изразување не го вклучува само индивидуалното право на слобода на изразување, туку и остварувањето на истото од страна на медиумите. Нашата земја ги има ратификувано меѓународните правни акти и инструменти, гарантирајќи и регулирајќи ја заштита на правото на слободата на изразување. Со тоа Република Македонија има обврска за почитување, гарантирање и заштита на слобода на изразување кое во исто време е инкорпорирано во член 16 од Уставот на РМ.

 

Македонска асоцијација на новинари (МАН)

19 јануари 2020


Пензионерите и старите лица со најмногу предизвици со коронавирус-состојбата - МИА
Вести

Пензионерите и старите лица со најмногу предизвици со коронавирус-состојбата

  Тетово, 8 април 2020 () – Голем дел пензионери се соочуваат со повеќе предизивици поради коронавирусот – како да го сочуваат здравјето, да обезбедат медицинска нега за хроничните болести, да земат пензија, да се […]

Полициски час од денеска од 16 до 5 часот, издадени 27 илјади дозволи за движење - МИА
Вести

Полициски час од денеска од 16 до 5 часот, издадени 27 илјади дозволи за движење

Скопје, 8 април 2020 () – Забраната за движење на населението на територија на целата држава, од денеска почнува во 16 и завршува во 5 часот наутро во работните денови. Во деновите од викенд (сабота […]

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи - МИА
Вести

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи

Скопје, 7 април 2020 () – На Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во […]