Maкедонија и Португалија ќе соработуваат во одбраната

Maкедонија-и-Португалија-ќе-соработуваат-во-одбраната.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребата за потпишување Договор помеѓу Република Северна Македонија и Португалската Република во врска со соработката во областа на одбраната и го прифати усогласениот текст на Договорот.


Целта на овој договор, според предлагачот, Министерството за одбрана е воспоставување рамка за одбранбена соработка помеѓу страните на договорот, во согласност со меѓународното право, националното право на страните потписнички, како и сите договори што страните ги имаат склучено.

Со овој договор, се утврдува и развива одбранбена соработка на билатерално ниво и во рамките на Северноатлантскиот договор, што овозможува континуитет и интензивирање на соработката во рамките на партнерството со Португалската Република, како на билатерален план, така и во НАТО и ЕУ контекст. Блиската воена соработка се очекува да придонесе кон зајакнување на колективни и индивидуални способности, безбедноста и интегритетот на териториите на страните и меѓународниот мир и стабилност, велат од Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK