Ловечката Федерација на Македонија(ЛФМ) достави официјално барање до Државниот Управен Инспекторат за да изврши Вонреден инспекциски надзор во Секторот за оружје при МВР

lovechka federacija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВАЖНО!!!
Почитувани ловци,
Ловечката Федерација на Македонија(ЛФМ) со цел да ги заштити интересите на повеќе од 17014 подносители на барање за издавање на одобрение за набавка на оружје од кои најголем дел се ловци, кои повеќе години со пробиени сите рокови кои важат за управна постапка чекаат по нивните предмети да се одлучува во МВР, достави и официјално барање до Државниот Управен Инспекторат за да изврши Вонреден инспекциски надзор во Секторот за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност при Министерството за внатрешни работи(МВР) со цел:

1. Да утврди колку денес е точниот број на сите поднесени Барања за издавање одобренија за набавка на оружје(не само во наведениот период 2017-2022) кои се во таканаречена „постапка на одлучување“ односно нерешени барања, а кои ги пробиле роковите за одлучување кои важат за управните постапки.


2. Да утврди дали во Секторот за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност при МВР, со години има масовно, систематско и умислено нарушување на институтот-управна постапка за најмалку 17014 барања за издавање одобренија за набавка на оружје кои со години стојат нерешени и да утврди кој за тоа е одговорен и за истиот во рамките на своите надлежности и овластувања Државниот Управен Инспекторат да преземе соодветни законски дејствија за утврдување на негова одговорност.

3. Да му наложи на Секторот за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност при МВР, управните постапки по однос на поднесените барања за издавање Одобренија за набавка на оружје да траат согласно законски предвидените рокови кои важат за управните постапки.
Во прилог, Ви го доставуваме скенирано официјалното наше барање кое го поднесовме до Државниот Управен Инспекторат заради Ваше запознавање.

Ваша, Ловечка Федерација на Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK