Ловечката федерација бара усогласување на Законот за огнено оружје со Европската директива

sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ловечката федерација на Македонија бара усогласување на Законот за оружје со Европската директива за огнено оружје.

Како што наведуваат оттаму по однос на најавените измени и дополнувања на законот било испратено и официјално писмо од страна на Торбјорн Ларсон претседател Европската ловечка федерација за лов и конзервација(FACE) со седиште во Брисел која претставува 7 милиони ловци во Европа, до претседaтелот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.


-Во писмото, Европската ловечка федерација за лов и конзервација(FACE), ја изрази својата целосна поддршка за ставот што го зазеде нејзината членка, Ловечката федерација на Македонија, за измените на Законот за оружје, со цел да се осигура дека овој закон во оваа област е целосно усогласен со Регулативата на ЕУ бр. 2021/555, таканаречената Европска директива за огнено оружје и нагласи дека со ова ќе им се овозможи на македонските ловци да набавуваат и поседуваат огнено оружје во согласност со релевантното европско законодавство, што е од огромно значење во поглед на пристапните преговори меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, е наведено во соопштението од Федерацијата.

Алармираат дека доколку не биде усогласено домашното со законодавството на ЕУ во оваа област, државава би се позиционирала на проблематично место за кандидатура за ЕУ, бидејќи ќе биде неусогласена со другите земји-членки на ЕУ и внатрешниот пазар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK