Левица: СДС-ДУИ-ДПМНЕ спремни со физичко насилство врз пратениците да ја рушат демократијата

Левица-СДС-ДУИ-ДПМНЕ-спремни-со-физичко-насилство-врз-пратениците-да-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешната пленарна седница на Собранието, криминогената широка коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ се подготвува насилнички, со шверц без преседан, да го донесе новиот Деловник, велат од Левица.


„Иако Левица уредно поднесе над 2.000 амандмани за да спречи носење на штетен и недемократски Деловник со кој се укинува филибастеринг – власта е подготвена брутално да ги прекрши собраниските процедури и да ги угнети пратеничките права!

Ваквото насилие е целосно погребување на македонската демократија, а пратениците на Левица се подготвени и физички да го бранат народниот мандат“, подвлекуваат во нивната реакција.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев со коментар: „Се спрема финалниот Шверцерат во Собранието на Северна! СДС-ДПМНЕ-ДУИ vs Левица. Договорено е и физичко вадење на пратениците на Левица од пленарната сала, само и само да помине Деловникот со кој опозицијата би станала излишна. Епа, Ок“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK