Летањето – убавина што треба да се доживее

Чувството да се лета е неописливо, тоа е убавина што треба да се доживее, но посебно е чувството да се обучи млад човек, да се пренесе знаењето на помладите генерации, вели Драган Саздовски, инструктор и управител во Аероклубот Куманово. Клубот под ова име функционира веќе трета година, а се смета за наследник на клубот „Доне Божинов“, што опстојувал со години наназад. Група млади луѓе од повеќе градови од Македонија овие есенски денови го посетија аеродромот „Аџитепе“ за да се запознаат со клубот. Некои од нив се возеа со авионот, а некои со едрилицата. Велат дека чувството е неописливо, особено беа воодушевени од тишината во едрилицата, која лебди неколку минути над просторот на Аџитепе.
Дваесет и петгодишниот млад пилот Благоја Додевски го вози авионот, што со јаже е поврзан со едрилицата. Во неа се инструкторот Саздовски и 29-годишниот Мартин Паневски, кој се обучува во клубот. По полетувањето, авионот и едрилицата ја постигнуваат потребната височина, по што се отпушта јажето и едрилицата останува да лебди во воздухот.

Двајцата млади членови на овој клуб, Додевски и Паневски, велат дека се вљубиле во летањето поради адреналинот и можноста за стекнување нови искуства. Она што го истакнуваат е дека во леталата се чувствуваат како птици. Неретко друштво им прават соколите, кои се движат по истите воздушни линии како и едрилицата. И панорамата воодушевува, велат младите членови на клубот. Колку повеќе леташ, толку повеќе го сакаш летањето, порачуваат тие, иако, велат, секој лет е поинакво искуство.

Клубот е отворен за да ги прибере кадрите кои сакаат да се обучуваат за пилоти на едрилици, за пилоти на авион и за падобранци, што функционирало во минатото, сега е во пауза и штом ќе се создадат услови, додаваат од клубот, ќе се продолжи и со оваа обука. Во моментов има четворица кандидати за пилоти за едрилица и тројца за пилоти на авиони. Оние кои сакаат да се едуцираат мора да имаат 17 години и да се во добра здравствена состојба. Пред да се почне со практична настава, потребно е да се помине теоретскиот дел што опфаќа група предмети, меѓу кои метеорологија, механика на авиони, правила и прописи, по што следува полагање, а потоа и практичен дел, односно 61 старт полетување и слетување.

-Едрилиците се двоседи, инструкторот и ученикот имаат исти команди, за да се следи состојбата, нешто слично како што се учи да се вози автомобил со инструктор, вели Саздовски. Тој обучил над 40-тина млади, дел од нив успешни пилоти во Армијата, во стопанската авијација, во патничката авијација. Самиот почнал да лета од 1970 година, кога имал 17 години.

Младите обично можат сами да управуваат по 45-50 часа. За да станат инструктори, потребни им се најмалку 200 часа акробатско летање, летање под покривач, по што мора да полагаат пред државна комисија во Агенцијата за цивилно воздухопловство. Клубот во Куманово обучува кадри од целата држава и од други држави. Безброј трофеи и медали сведочат за успесите на кумановскиот клуб.

Аеродромот Аџитепе првпат се споменува во пишани документи во 1928 година, а клубот почнал да функционира во 1948 година. Тогаш со едрилици се летало по пет-десет секунди. Пистата на Аџитепе е долга 2.050 метри, а во употреба се 1.000 метри должина на 100 метри ширина. Клубот е отворен секој ден и секој може да доживее да лета и панорамски да ужива во погледот и во висините на сокол.

Александра Максимовска

Вести

Најмалку 71 загинат и над 1.000 исчезнати во пожарот во Калифорнија

Најмалку 71 лице загинаа, а над 1.000 луѓе се водат како исчезнати во катастрофалниот пожар што беснее во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија синоќа локалните власти. Како што јави ДПА, шерифот на […]

Бизнис

Годинава помалку договорени градежни работи во странство

Вкупната вредност на договорените работи на македонската градежна оператива во странство во периодот јануари-септември годинава изнесува 1.207.941.000 денари што е за 40.3 отсто помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за […]

Бизнис

Анѓушев: Проектираниот раст од 3,2 отсто за 2019. со сигурност ќе се реализира

Проектираниот економски раст од 3,2 процента следната година со сигурност ќе се реализира, откочени се крупните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, а покрај нив сериозни активности се очекуваат и со интензивирање на гасификацијата […]

Бизнис

Промоција на директна авионска линија Охрид – Виена

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена. Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што […]

Балкан

Мицотакис: Договорот од Преспа не го решава, туку го интензивира проблемот

Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во обраќањето на крајот од третиот „Thessaloniki summit“, […]

Вести

Град Скопје: Почнува присилна наплата за неплатена фирмарина

Град Скопје соопшти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за […]

Вести

Трамп постхумно го одликува Елвис Присли со претседателски „Медал на слободата“

Гласот на Елвис Присли одекна синоќа во Белата куќа, кога за време на церемонија на врачување на „Медалот на слободата“ беше пуштена неговата песната „How Great Thou Art“. На церемонијата, Трамп им го врачи „Медалот […]

Интересно

Јапонец се венчал со виртуелна личност за 15.000 евра

Јапонец се оженил за виртуелна личност и тоа го чинело 15.000 евра. Негова „избраничка“ е холограмска верзија на Хацуне Мико, популарната тинејџерска ѕвезда во Јапонија. Акихико Кондо (35) организирал и прослава по повод „бракот“ со […]

Интересно

Нов проект на авторот на „Игра на тронови“

Додека обожавателите на „Игра на тронови“ ја чекаат осмата, последна сезона во април догодина, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосем нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р.Р. Мартин. Се работи […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*