Леќата и грашокот пронајдени во Пелагонија се најстари градинарски култури датирани во Европа

lekja-i-grashok-pelagonija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Леќата и грашокот пронајдени на локалитетот Влахо во Пелагонија се најстари датирани градинарски култури досега во Европа. Имено, со археоботаничките анализи на растенијата пронајдени при ископувањето на археолошкиот локалитет во Пелагонија се детектираа остатоци од повеќе мешункасти плодови и житарици. Нивното датирање со помош на радиокарбон анализите потврди дека тие биле користени во втората половина на 7-от милениум п.н.е. што ги прави овие остатоци од Влахо најстари досега датирани леќа и грашок во Европа.

Остатоците од леќа, грашок и житарици откриени се при археолошкото истражување на локалитетот Влахо кај Живојно во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј Битола. Со примена на археоботаничките и радиокарбон анализи во Универзитетите во Базел, Белград, Севиља и Цирих се детектираа видовите и се утврди нивната старост од околу 8 300 години. Во текот на овие истражувања се посочува и на тоа дека житариците и афионот откриени на Влахо се исто така едни од најстарите во Европа, што дополнително ќе се проверува со натамошните анализи.


Археоботаничките проучувања на Влахо се изведени во релација со неолитските локалитети Врбјанска Чука и Велушка Тумба во Пелагонија, така што резултатите посочуваат на различни стопански практики меѓу овие населби. Исхраната се адаптирала на климатските разлики во регионот, така што во голема мера се конзумирал грашок, пченица, јачмен и леќа, а постојат индикации и за можна подготовка на пиво. Посевот најчесто се жнеел во пролет, додека еднозрната пченица била повеќе користена во северните делови на Пелагонија.

Резултатите од овие археоботанички истражувања се публикувани во „Vegetational History and Archaeobotany“, кое е едно првите десет археолошки списанија со највисок импакт фактор во светот.

Продолжете со читање на eho.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK