Лавров за македонско-бугарските односи: Со години имавте понижувачко име, Западот ги подбуцнува народите на Балканот

Лавров-за-македонско-бугарските-односи-Со-години-имавте-понижувачко-име-Западот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Балканот има проблеми поради однесувањето на Западот, оценува министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.


На прашање за македонско-бугарските односи Лавров истакна: „Не сум стручњак за односите меѓу Македонија и Бугарија. Но знам едно, македонските граѓани имаат целосно право да делуваат рамноправно во сите активности на заедничкиот континент. Ако даваме генерална оценка, не само за односите Македонија-Бугарија, туку и другите проблеми на Балканот, коренот на проблемот лежи во однесувањето на Западот“, кажа Лавров.

За Македонија, подвлече дека со години имала понижувачко име, а кажа и дека знае како ја добила придавката „северна“.

„Со години бевте нарекувани ПЈРМ и ова беше понижувачко име. А знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Знаеме што е вистината – немате територијална претензија кон Грција или други држави. Јас оправдувам етничките групи на Балканот да живеат мирно едни со други. Западот ги подбуцнува народите едни со други“, рече Лавров.

Ги нагласи пријателските чувства кон македонскиот народ.

„Имаме пријателски чувства кон македонскиот народ. Овде сум два дена, го гледам вашиот народ по улиците, во хотелот. Можам да ја почувствувам нивната топлина, но и нашата кон вас“, потенцира Лавров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK