Крвнички убил маче пред очите на сопствениците!!!


“Ве молам за малку внимание, може ли некој да ми насочи или даде било каков контакт од институција што ќе реагира на случајов, имам комшија кој пред очите на мајка ми убил едно од мачките кои ги чуваме со години, значи крајно психопатски и крвнички го мавал по глава, иако претходно имаме информации дека и со претходните истото го направил, мирно маче кое никаква штета не знае да направи, и тоа пред наши очи, што уште повеќе ми создава бес и гнев, пријавено е во полиција но сакам вака јавно да знаеме со какви психопати имаме работа, јас не сум во Македонија за среќа затоа што ќе направевме поголем проблем, ве молам за било каква помош, за се што треба имаме информации и во полиција има записник, да беше во нормална држава ќе се решеше одма, но тука мора да се оди на друг начин, сакам да знаете со какви психопати делиме секојдневие и без грам совест се шетаат и потсмеваат на нашата мака и тага! Ми се гади од тој менталитет и човечки род!!!”