Крајот ви се ближит, ама крај на глупостите ваши нема: Пецаков ѝ одговори на Кузеска

Крајот-ви-се-ближит-ама-крај-на-глупостите-ваши-нема.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По обвинувањата дека градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, финансирал ракометен клуб во кој бил основач, се огласи Пецаков со демант кој ги отфрла тврдењата на СДСМ и Левица и ги нарекува лажни.


„Јас сум го основал клубот во 2011 година и сум бил капитен на клубот се до 2016 година. Во 2013 со основачки влог од 25 000 € на општина Охрид се основа Акционерско Друштво РК ОХРИД 2013 , кое понатаму во 2017 година се преименува во ГРК ОХРИД и така е до ден денес…

Од како е Акционерско Друштво од 2013 не членувам, ниту сум бил на било која извршна или не извршна позиција во АД-то и дополнително од 2013 година па на вака, главен финансиер на ГРК ОХРИД е општина Охрид и така и ќе останит, со одлука на совет и врз основа на јавен повик на доделувања на средства на СИТЕ спортски клубови на територија на општина Охрид“ вели Пецаков.

Тој порача дека ќе продолжи да ги помага спортските екипи, а ги повика инситуциите да испитаат дали има некаква злоупотреба. Рече дека овојпат ќе бара одговорност за лажните тврдења и обвинувања.

„Пс. Крајот ви се ближит, ама крај на глупостите ваши нема за жал. НЕМА ДА ГО УНИШТИТЕ СПОРТОТ И ПРАВИЛНИОТ РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ ВО ОХРИД! Вие сте завршена приказна!
ПСС. Се гледаме утре во 11 часот на прес за работи, за проекти и за она како ние знаеме да работиме и како треба да одиме напред!!“ напиша Пецаков на својот Фејсбук.

Кузеска претходно рече рече дека над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од Општина Охрид како директна поддршка.

„Овие суми ги потврдува и ‘Службениот гласник’ на Општина Охрид број 14 од 28.12.2023 година. Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013, каде што основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков. Значи, Пецаков преку Општината индиректно си префрла пари на самиот себе!? Директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП ‘Охридски комуналец’. Дали е ова случај на судир на интереси треба да утврди Државната комисија за спречување корупција“, рече Кузеска.

Како што додаде, надлежно обинителство треба да утврди дали е прекршен Кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб на кој токму тој е основач.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK