Премиерот, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Република Словенија по повод учеството на Бледскиот стратешки форум, оствари средби со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората Македонија во градот Копер.
На средбата беше истакната заложбата на Владата да негува врски со иселениците во Словенија со што придонесува за взаемно одржување на традицијата и културата што е заедничко за сите без разлика каде живеат.
Соговорниците разменија мислења за важноста од воспоставување на добри бизнис практики како и развојни проекти меѓу Словенија и Македонија.
Премиерот посочи дека нашата дијаспора во Словенија преку своите бројни успеси остварени на различни полиња има голем придонес во афирмација на Република Македонија во Република Словенија.
На средбата воедно беше констатирано дека со новата воведена нискобуџетна авионска линија Скопје-Љубљана, движењето и за граѓаните и за бизнисите ќе е поедноставно и побрзо и ќе придонесе за подобра поврзаност и побрз економски развој.