Ковачевски: Нема откажување, Европска Македонија ќе биде реалност

konvencija-pendarovski-sdsm-3.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одиме на победа! Со Стево, со вас и со мене, во 2028 година Македонија ќе ги заврши преговорите со ЕУ и сите вие овде ќе бидете горди што се биле дел од патот на Македонија кон поправедна, побогата, подемократска европска држава, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вчерашната Конвенција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Скопје.


Ковачевски ги повика граѓаните да излезат на изборите и да го поддржат претседателот Стево и Коалицијата за европска иднина.

-Почитувани граѓани од сите делови на Македонија. Тука од Скопје, ве повикувам сите да го поддржиме нашиот претседател Стево во првиот круг на 24 април и да покажеме дека Македонија сака лидер кој верува во европските вредности и во прогресивната иднина. А на 8-ми мај да ја прогласиме конечната победа за европска Македонија – победата на Стево Пендаровски, нашиот претседател, и победата на Коалицијата за европска иднина. Единствениот пат кој води од тука е до победа! Одиме на победа! Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа. Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија! Нема откажување од иднината, рече Ковачевски.

„Со нас се нашите коалициски партнери кои ги споделуваат вредностите за економски напредок, слобода, правда, солидарност и еднаквост, сите тие застануваат и зад кандидатурата на Пендаровски, бидејќи знаат дека го имаме најдобриот кандидат за претседател“, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK