Костовски: Безбедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев

Костовски.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска јавноста очекуваше дека Панче Тошковски на прес-конференцијата ќе си поднесе оставка и ќе го разреши директорот на БЈБ Александар Јанев, како и началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски од функција. Но ова не се случи. Денеска Тошковски, наместо одговорност, на прес конференцијата рече дека полицијата одговорила соодветно и навремено. Ако било така Тошковски треба да одговори: Зошто МВР немаше навремени оперативни информации за да се делува превентивно и ова да не се дозволи? Што работат АНБ и БЈБ и како се дозволи да ескалира состојбата до ова ниво? Зошто дозволија ваков понижување на Македонците и македонската држава? вели на прес-конференција Мартин Костовски од СДСМ.


„Понатаму, зошто не се приведени оние кои пукаа и користеа огнено оружје во центарот на Скопје? Тој не одговори на ова прашање. Македонското знаме беше запалено, а воедно се пукаше со автоматски оружја, што претставува не само кривично дело, туку и закана за безбедноста на граѓаните.

Факт е дека Тошковски и МВР беа целосно во бунило за она што се случи вчера, без воопшто да бидат фактор на стабилност во тие критични моменти. Лесно можеше да се случи да имаме жртви, а тоа можело да се превенира ако МВР имале навремени информации и постапеле превентивно.

Понатаму, она што е очигледно е дека МВР под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски, кој да се потсетиме, на функција е од јануари или речиси цела година, немаат контрола над бандите и криминалот во државата.

Оваа кулминација на состојбата е резултат на хаосот кој го создаваат додека бандите и криминалците се без контрола. Да се потсетиме дека за помалку од една година имаме преку 20 вооружувани инциденти, убиства и обиди за убиства. Секојдневно се пука по улиците во Скопје и ова што вчера се случи е последен од низата настани кои потврдуваат дека Тошковски нема никаква контрола над безбедносната ситуација“, истакна Костовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK