Конкурс за надомест на средствата платени за објавување научни трудови во 2020 година


–  Министерството за образование и наука објави Конкурс за надомест на средствата што авторите (наставници и соработници од високообразовните/научните установи во земјава) ги платиле во 2020 година за објавување научни трудови во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите на Web of Science или Scopus.



Авторите кои платиле средства за објавување труд во списание индексирано во базите Web of Science или Scopus, поднесуваат барање за надомест на средства до МОН најдоцна една година од денот на објавувањето на трудот.

Во Конкурсот на МОН се наведени потребните документи за пријавување за надомест, адресата на која треба да се поднесат, достапно е барањето што авторот треба да го пополни, како и контакти за повеќе информации.

Конкурсот ќе трае до 15 март 2021 година.