Градежниот факултет при УКИМ денеска ќе организира тематска конференција „4S – Skopje Summer Seismicity Stop“, која е во рамки на серијата активности насловени „Скопско асеизмичко лето“.
Овие активности Градежниот факултет ги реализира во коорганизација со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Архитектонскиот факултет при УКИМ и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), по повод одбележувањето 60 години од скопскиот земјотрес.
-Преку излагањата на повиканите предавачи од земјата и странство, аудиториумот на конференцијата ќе има можност да се запознае со најновите истражувања, трендови, технологии и достигнувања во областа на изградбата на објекти отпорни на земјотрес, соопшти Градежниот факултет.