Комисија за спречување и заштита од дискриминација го честита Меѓународниот ден на Ромите


Хелсиншки комитет: Продолжува системската дискриминација врз Ромите во сите општествени сфери - МИА

– Во ситуација кога дури 85,6 проценти од Ромките не го посетиле својот матичен гинеколог, само три отсто од граѓаните вклучени во активните мерки за вработување се Роми и додека припадниците на ромската етничка заедница се уште се најчесто жртви на расизам, дискриминација и сегрегација, не можеме да зборуваме за значаен напредок во превенција и заштита од дискриминација врз Ромите на системско ниво. Дополнително, ваквата ранливост на Ромите е зголемена во време на пандемијата, предизвикана од Ковид-19, бидејќи голем дел од ромската етничка заедница се соочува со екстремна сиромаштија, супстандардни услови за живот и недостиг на адекватна здравствена заштита, соопшти Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по поводт Меѓународниот ден на Ромите, 8 април.


 

Токму заради ова, посочуваат, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација како национално тело за еднаквост, кое за прв пат во својата историја има и член Ром, се обврзува во својот мандат и во рамките на своите проширени законски надлежности да ги приоретизира превенцијата и заштитата од дискриминација врз Ромите во сите општествени сфери.

– Комисијата особено посветено ќе работи на елиминирање на сегрегацијата на децата Роми во образованието, отстранување на системската дискриминација во пристап до здравствени услуги и на превенција и заштита од дискриминација во пристапот до добра и услуги на Ромите, наведуваат во соопштението.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги повикува и охрабрува сите граѓани од ромската етничка заедница кои сметаат дека биле дискриминирани да ги пријават случаите на дискриминацијата во Комисијата и да добијат соодветна правна заштита.

– Денес се одбележува Меѓународниот ден на Ромите, ден на славење на ромската култура и традиција како нераскинлив дел од нашето мултиетничко, мултикултурно, мултијазично и мултирелигиско општество. Но, во исто време на овој ден се истакнува и одбележува континуираната борба против дискриминацијата, сегрегацијата и маргинализацијата со кои Ромите се соочуваат секојдневно во речиси сите оштествени сфери. Честит 8ми Април, Bahtalo Romano Dive!, посочуваат од Комисијата.