Количеството на врнежи во првите 10 дена во август над декадните вредности



Количеството на врнежи во првите 10 дена во август над декадните вредности - МИА

Скопје, 11 август  2020 () – Количествотто на врнежи за првите 10 дена од овој месец се движеше од 400 милиметри во Берово до 141 милиметри во Демир Капија, покажуваат мерењата на врнежите добиени од мрежата на метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи за периодот од 1 до 10 август.

На останатите мерни места се регистрирани 130 милиметри врнежи во Прилеп, 113 милиметри во Струмица, 98 милиметри во Скопје, 95 милиметри во Штип, 86 милиметри во Битола, 66 милиметри во Охрид и 64 милиметри во Крива Паланка.

– Количеството на врнежи на станиците во Демир Капија, Прилеп, Струмица, Скопје, Штип и Охрид ги надминуваат досегашните суми на измерени декадни вредности (1951-2020), соопштија од УХМР.

Од Управата наведоа дека апсолутниот дневен максимум на врнежи во август до сега е надминат само на метеоролошката станица Струмица каде на 7 август 2020 година се измерени 62 милиметри.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*