Карта на цела Македонија и сонцето од Кутлеш се појавија на слајд при онлајн наставата во Србија


Карта на географска Македонија и сонцето од Кутлеш се појавија на слајд при онлајн наставата во Србија - МИА

Белград, 16 мај 2019 () – На слајд во рамки на онлајн наставата по српски јазик за учениците од осмо одделение во Србија, на кој се набројуваат сите национални малцинства во земјата со мапи и знамиња на матичните држави, за Македонија е прикажана картата на цела Македонија со знаме со сонцето од Кутлеш.

Како што објави белградски „Телеграф“, на ваквиот слајд, емитуван во рамки на онлајн наставата  на тема „Дијалекти на српскиот јазик“ во текот на вчерашниот ден, реагираше Граѓанската партија на Грците во Србија (ГСГС), која упати протест до српскиот министер за образование Младен Шарчевиќ.

– Со цел зачувување на традиционално пријателските односи меѓу Грција и Србија, вложувам протест во име на целата грчка заедница во Србија поради прикажувањето на картата на државата Македонија, која во текот на часот по српски јазик на децата им е прикажана како да опфаќа територија на Република Грција. Сметаме дека овој пропуст е ненамерен, но и недозволив, па затоа Ве молам што поскоро да реагирате во согласност со вашите овластувања и за тоа да ја информирате јавноста, се вели во писмото упатено до Шарчевиќ потпишано од лидерот на ГСГС, Василиос Провелегиос.

На протестот на партијата на Грците, реагираше српскиот помошник министер за образование Милан Пашиќ, кој истакна дека станува збор за „голема грешка, која не е направена намерно“.

– Грешката ќе ја исправиме во најкраток можен рок и на интернет платформата ќе поставиме променета верзија на часот. Упатуваме големо и искрено извинување до грчкиот народ поради грешката и се надеваме дека грчко-српското пријателство ќе продолжи да се негува и развива како и досега, објави Пашиќ на својот Фејсбук профил.

 


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]