Карма или парадокс: Грчкиот премиер Ципрас бара Турција да го почитува меѓународното право!



Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас испрати силна порака до Турција да прекине со нелегалните активности во Егејското море и да го почитува меѓународното право.

Според грчкиот весник Катимерини, Ципрас ја испратил оваа порака при неговата посета на Псара, северозападно од Чхиос во источниот дел на Егејското море, каде бил на прославата на Грчката независност од Отомаската власт која се случила на 25 март 1821-ва година.

“Грција има капацитет да ја зачува сувереноста и територијалниот интегритет” – изјави Ципрас.

Зборувајќи за проблемот со двајцата грчки војници кои се уапсени во Турција после случајното преминување на границата овој месец, истакна дека владата на Грција ги прави сите возможни напори да ги врати војниците дома што е можно побрзо.

Интересно е да се забележи дека грчкиот Премиер се повикува на Меѓународното право, иако во случајот со Македонија и членството на Македонија во НАТО каде Македонија доби пресуда во нејзина корист од Меѓународниот суд, не сака да го почитува! Дали е ова карма или само парадокс?


Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Регистрирани 141 случај со Ковид-19, еден починат, 94 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 случај со Ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, […]

Вести

Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци

– Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците […]

Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*