Каракачанов: Македонски идентитет пред 1944 не постоел, тоа го знае секој нормален човек




 

Вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во бугарските медиуми повторно настапи со остар и агресивен тон во однос на спорот со Македонија.

„Не можеш да ја касаш раката која те поддржува и која ти е подадена со една братска добронамерност во буквална смисла. Братска, затоа што ние сме еден народ и говориме ист јазик. Што и да ми зборуваат и објаснуваат за идентитетот, кој што бил многу древен, секој нормален човек кој што прочитал повеќе од пет страници историја поврзана со Македонија знае дека таков идентитет, македонски, посебен од бугарскиот, пред 1944-та година не постои“, изјавил Каракачанов за бугарските медиуми.

Според него, проблем е и тоа што во Македонија немало бугарски медиуми.

„Бугарски медиуми во Македонија нема. Има српски, има секакви, но бугарски нема. И Скопје продолжува да тврди дека биле нормално, демократско и плуралистичко општество. За 30 години откако Македонија е независна држава, таму не се решил ниту еден бугарски медиум да извади лиценца и да се прошири“, додава бугарскиот вицепремиер.