Канада ќе и донира на земјава 250.000 долари како помош во борбата против корона пандемијата


Канада ќе и донира на земјава 250.000 долари како помош во борбата против корона пандемијата - МИА

Скопје, 31 мај 2020 () – Канада ќе и донира на Северна Македонија 250.000 канадски долари како помош во борбата против пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, соопшти Канадската амбасада со седиште во Белград.

-Канада верува дека глобалниот одговор на пандемијата е најефикасната одржлива долгорочна стратегија и во склад со тоа одлучи да издвои значителни средства во борбата против пандемијата низ хуманитарна помош на најранливите земји, преку финансирање на меѓународните организации кои помагаат во управувањето со кризата во текот на пандемијата, како и низ издвојување на средства за истражувања и развој во напорите да се пронајде ефикасна вакцина, стои во соопштението.

Владата на Канада, како што се наведува, најави издвојување на значителни средства за борбата против глобалната пандемија Ковид-19, кои покрај останатото ќе бидат насочени кон мобилизација на канадските научни истражувања кои веќе работат на развојот на ефикасни медицински контра-мерки, поддршка на забрзан развој на вакцината против Ковид-19, пронаоѓањето на безбеден и ефикасен начин на лечење на Ковид-19 во директна соработка со Светската здравствена организација (СЗО), поддршка во дијагностиката на Ковид-19 за повеќе од 20 земји партнери, како и развојот на стратегија во борбата против лажните вести, дезинформациите, стигматизацијата и стравот.

– Соработката на Канада со земјите од регионов е доказ за силната глобална соработка која кризата ја потенцираше како потреба, но и стратегија за понатаму. Канада била и останува да биде партнер за развој на земјава, низ низа од општествено приоритетни проекти, овој пат збогатени и со поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, изјави Анета Пешева, почесен конзул на Канада во Скопје.

Канада и Северна Македонија имаат позитивни билатерални односи и развиена соработка во рамки на НАТО, и иако не е членка на ЕУ, Канада силно ја поддржува Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите на земјата.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]