Како треба да се управува со отпадната пластика?


Проблемот со управување со отпад се зголемува секоја година. Целата држава се дави и тоне во отпад, пластика тече по реките и ги затрупува каналите, а уште полошо е што многу ја користат за горење. Пластиката оставена во природата може да создаде многу проблеми, загадувајќи ја животната средина.


 

Една од компаниите во Република Северна Македонија која нуди решение за проблемот со отпадната пластика во земјата е G&O Waste Solution која започна со работа на постројка за третман на отпадна пластика во Гевгелија. Компанијата се занимава со набавка, избор и балирање пластика којашто потоа им се доставува на компаниите кои рециклираат пластика и можат повторно да ја користат во нивното производство.

Компанијата применува иновативен пристап во управување со пластичниот отпад и притоа не користи никаква хемиска обработка. Процесот на работа подразбира селектирање на мешаниот пластичен отпад според типот, полипропилен, полиетилен, пластичен филм и слично. Селектираната пластика се компресира и се балира, пакува во филм ленти во форма на бали, а потоа се извезуваат. Целиот процес е механички и не користи никаква хемиска или термичка обработка, без употреба на какви било хемиски средства. Нема никакви емисии во воздухот, не се создава непотребен отпад, прашина и миризба, а погонот е беспрекорно чист. Тоа го прави овој процес еколошки чист, стандардизиран според националните и европските регулативи и пријателски во однос на животната средина и непосредната околина.

Компанијата не ја загадува животната средина, ниту пак со својата работа има негативно влијание врз здравјето на луѓето. Лоцирана е во индустриската зона во Гевгелија и дејноста ја врши согласно дозволата издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање на 25.11.2020 година. Оваа дозвола е издадена согласно Законот за управување со отпад, а компанијата во Гевгелија ги почитува и работи според законските норми на државата и европските стандарди.

G&O Waste Solution работи според закон и дозвола, извршува општествено корисна работа, во моментов се вработени 26 работници, го чисти градот и околината од она што најмногу ја загадува околината и тоа го прави на најбезбеден начин и еколошки прифатлив метод.

Ваквите примери се показател дека во државата недостига основно знаење за еколошките процеси на компаниите и потребно е да се спроведе една широка едукација за придонесот на поединецот и на компаниите кон користењето и загадувањето со пластичен отпад и како треба да се управува со него.