Како детското штедно осигурување ја гарантира иднината на детето?


Нема ништо поважно од иднината на нашите деца. Секој од нас сака да обезбеди подобар живот и посигурна иднина за децата, но ова е тешка задача. Станува збор за целосно планирање коешто не може да се спроведе токму поради несигурните времиња во кои живееме. Тешко е да се спроведе каков било план, а уште потешко е да се изнајдат средства. Штедењето е еден од најчестите начини за „тргање пари на страна“, но често се случува во неможност да се покријат некои трошоци, родителите да посегнат и по овие средства. А современиот начин на живот носи повеќе трошоци и за родителите. Нема повеќе бесплатно образование, квалитетното образование чини пари, а нема успех ако нема детето дополнителни часови. Секоја инвестиција е некако неостварлива.


 

Дали има решение од оваа ситуација? Штедењето е една опција, но во последно време посигурна опција за иднината на детето е осигурувањето. Детското осигурување има добри ефикасни резултати во Западна Европа. Кај нас оваа тема се уште не е доволно позната и ретко кој се одлучува на овој тип осигурување. Една од компаниите којашто го нуди овој тип осигурување е Кроациа каде велат дека граѓаните се повеќе стануваат свесни за овој тип осигурување.

„Ова осигурување може да трае од 10-25 години и е одличен начин за штедење со месечни уплати, според потребите и желбите на клиентот. На овој начин полисата за детско штедно осигурување може да биде искористена за Фонд за факултет или за школарина, за изнајмување стан, за студентски живот, за реализација на бизнис идеја, за патување, за осамостојување и создавање иднина“, велат од Кроациа.

Доброто во овие полиси, сметаат од Кроациа е што покрај економската сигурност со вклучување на дополнително осигурување, детето е заштитено и при повреда, несреќа и оперативни зафати.

„Дополнителна бенефиција во ова осигурување е дека ние како компанија за секое дете што има одличен успех со просек минимум 4,5 од четирите години од средното образование му доделуваме 3% плус од осигурената сума како награда за постигнатиот успех. Сакаме да стимулираме децата да имаат некое достигнување плус кога ќе завршат средно образование”, додаваат од Кроациа осигурување.

Едно е важно, да се започне што побрзо со осигурување за да се акумулираат повеќе средства во текот на годините.