ЈО нема да отвори истрага за наводната трговија со здрави новороденчиња

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека, по спроведување на сеопфатно проучување на добиената документација и известувањата од надлежните органи во врска со наводна трговија со здрави новороденчиња од страна на надлежен јавен обвинител е донесена одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција.

– По дејствијата преземени од страна на надлежен обвинител и врз основа на прибраната документација и побараните известувања од Народниот правобранител, Министерството за труд и социјална политика и Првата детска амбасада „Меѓаши“, произлезе дека во конкретниот случај нема докази, ниту индиции за постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, се наведува во соопштението од ЈО.

Основното јавно обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите во медиумите, во декември 2018 година отвори предмет по допрен глас.

Во медиумите, се вели во соопштението од ЈО, беа изнесени сознанијата на Народниот правобранител дека постои сомнение за организирана криминална група која подолг временски период се занимава со трговија со здрави новороденчиња. Наводно, на биолошките родители веднаш или по краток временски период по раѓањето им се соопштувало дека новороденото е починато, а всушност тоа било здраво и заради понатамошно посвојување станувало жртва на трговија.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]