Јавна дискусија на тема „Спорт за сите“


ЕФЛ: Промоцијата и напуштањето остануваат во пониските нивоа - МИА

Скопје, 15 септември 2020 () – Јавна дискусија на тема „Спорт за сите“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Општина Карпош и здружението „ТАКТ“.


 

На панелот ќе стане збор за локалното партнерство меѓу Општина Карпош, здружението „Такт“ и ГИЗ – Германско друштво за меѓународна соработка, во врска со проектот „Спорт за развој – спорт за сите“, кој овозможува развој и напредок на младите преку спортски активности.

На настанот ќе се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Јавната дискусија ќе биде организирана по протоколот за реализација на јавни настани, за заштита од Ковид – 19.