Извештај на ИЈЗ: Речиси половина од инфицираните со Ковид од земјава се од Скопје, најголем дел на возраст од 30-39


– Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување од 5,9 проценти во однос на минатата недела, информираа денеска од Министерството за здравство.



Регистрирани биле 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 27,4 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24 проценти.

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=750, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=673; 19,7%), 40-49 (n=632; 18,5%), 50-59 (n=595; 17,4%) и 20-29 (n=539; 15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=72; 2,1%) и 10-19 години (n=149; 4,4%), соопштуваат од Министерството за здравство.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7 отсто) лица од женски и 1.715 (50,3 проценти) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3 отсто.

-По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.566 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 477 повеќе во однос на минатата недела, велат од министерството.

Пријавени се 84 смртни случаи од 24 градови, зголемување од 71,4 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, три смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 45 или 53,6 отсто.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19 за периодот од 19-25.10.2020г., како и Кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

1 Comment

  1. Се жалите нема место во болници ЛООО! гнасни комуњарски педери па зошто му ги дававте хотелите на вашите дрогерашки членови или сакате лични ѓурки да правите , па време е да ги оспособите тие празни комуњарски дрогерашки гнезда во БОЛНИЦИ , или не можете да перете пари семето ваше гнасно комуњарско

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*