Изработен автентичен фонт според ракописот на Кочо Рацин


Ви благодарам на сите за поддршката на проектот „Дигитализација и изработка на автентичен фонт според ракописот на Кочо Рацин“ 🙂. Ова подолу е пример од процесот на работа, на сликата лево е оригиналниот ракопис на Рацин, напишан во неговиот бележник, најверојатно со молив, десно од него е мојата дигитализацијата на ракописот, а на сликата најдолу е финалната верзија на фонтот. Досега се изработени 24 мали кирилични букви. 🙂 Да го чуваме и надградуваме македонското културно наследство, да го запишеме во вечноста каде што никој не може да го избрише.