Изградени 3.916 станови од страна на деловните субјекти во 2019 година


Изградени 3.916 станови од страна на деловните субјекти во 2019 година - МИА

Скопје, 12 јуни 2020 () – Државниот завод за статистика денеска излезе со информација дека во текот на 2019 година деловните субјекти изградиле 3.916 станови со вкупна површина од 258.328 метри квадратни. Просечната корисна површина на завршените станови е 66 м2.


 

Според статистичките податоци, во текот на 2019 година деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 30.478.753 илјади денари. Од нив, 12.303.726 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2019 година се градени вкупно 2.412 објекти.

Индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 9.303.880 илјади денари. Градени се вкупно 1.730 објекти и завршени 2.153 станови со вкупна површина од 236 972 м2, од кои 64 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 5.500 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 110.1 м2.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион.